Македонија

23 октомври, 2018

„АнтиарТ“ го најави вториот сингл

По објавувањето на првиот официјален сингл „Огледала“, музичката дружина собрана зад името „АнтиарТ“ летово го помина во студио, подготвувајќи го својот деби-албум што се очекува до крајот на годинава, а наскоро ќе имаме можност да слушнеме уште една песна од новиот материјал. Станува збор за темата насловена „Завидлив поглед“, која исто така ќе стигне во комплет со видео.

With "a little" help from our friends – ide vtoriot spot. Pesnata se vika "Zavidliv pogled" – spremete se za detalen…

Gepostet von AntiarT am Dienstag, 23. Oktober 2018

 

„АнтиарТ“, кој го сочинуваат Леана Таќи – Леа (вокал), Никола Бочваров (бас гитара), Давид Матевски (гитара), Гордан Спасовски (клавијатури) и Александар Ванчовски – Џигер (тапани), својот прв заеднички настап го имаше на годинашното издание на „Рок-фест“, каде што ги изведе темите „Happiness“ и „Having Fun“, како вовед во она што допрва нè очекува од оваа музичка екипа.

 



Врати се горе ↑