Настани basovi

18 февруари, 2014

„Аномалиа натива“ vs „Токсиколози“ ВО ЖИВО!

Оваа сабота (22.02.2014) клубот „Капан ан“ во старата скопска чаршија ќе биде домаќин на четвртата од серијата забави наречени „За Македонцките Бассови“. Овој циклус на забави е посветен на промоција на најдобрата бас музика која доаѓа од ова поднебје, а ова издание е посебно по тоа што покрај македонски басови ќе може да се чујат и македонски гласови.

Иако соработката меѓу музичкото дуо „Аномалиа натива“ и раперското трио „Токсиколози“ е добро позната и долгогодишна, во сабота за прв пат ќе можете да ги видите како настапуваат во полн состав: Кацар, Сиги, Џоле, Анакреонт XY и Андрејналин. Вечерта ќе започне со trap звуците од DJ SMCK кој ќе ја загрее публиката за главниот дуел. По главниот настап забавата продолжува до раните утрински часови со двочасовен сет од „Аномалиа натива“.

Настапот ќе биде фузија на двете страни, песните на „Токсиколози“ сплотени во динамичните електронски звуци на „Аномалиа натива“, a присутните ќе уживаат и во визуелните ефекти на Александар Атанасовски – Мутер кои ќе го надополнуваат звучното искуство. Почетокот на забаватa е закажан за полноќ. Се гледаме на добра журка!



Врати се горе ↑