27 мај, 2013

„Аномалиа натива“ со нов видео запис

Македонското електронско дуо „Аномалиа натива го претстави на јавноста своето прво видео издание. Станува збор за видео записот на песната „Feelin’ It“ со кој се најавува нивниот втор албум насловен како „Attention“. Видео записот на песната е изработен во соработка со режисерот Огнен Шапковски од „Мелем продукција“ и истиот можете да го прегледате горе.

Со ова дело „Аномалиа натива“ сакаат да ја пренесат позитивната енергија на нивната музика до фановите на бас музиката насекаде. Нивниот албум „Attention“ наскоро ќе биде достапен на iTunes, Amazon, Google Music и сите останати светски музички продавници.



Врати се горе ↑