6 мај, 2017

Ања Ветерова со „Рамбамбам“ ќе го освојува Балканот

Поголемиот дел од публиката ја памети како малото девојче што ја претставуваше Македонија на детската „Евровизија“ во 2010 година или по дуетот со „Паркети“, а потоа како наеднаш да порасна и како сериозен изведувач воодушеви на „Макфест“ и „Скопски фестивал“, па минатата година  беше и најмладиот член во евровизиското жири.

Сето тоа плус бројни меѓународни награди стои во резимето на младата пејачка Ања Ветерова, која сега е на чекор да го освои и Балканот. Имено, таа веќе два месеца живее на релација Скопје-Белград а причината за тоа е нејзината соработка со една од најголемите музички продукции во Југоситочна Европа – „Ај-ди-џеј ворлд“ (IDJ world).

18221535_1492893197407770_2208874855036392229_n

Токму денеска на пладне во етерот е пуштена нејзината најнова песна, како и спотот снимен за неа, со наслов „Рамбамбам“, за која музиката и аранжманот ги направи Дарко Димитров, а текстот е на Линдон Бериша, на македонски и на англиски јазик. Со овој чекор, за кој Ања верува ќе донесе многу позитивни промени во нејзината кариера, таа стана прва Македонка, која е дел од ова елитно друштво.

„Потпишав договор на три години со продукцијата ’Ај-ди-џеј ворлд’. Јас сум прв артист од Македонија што потпишал со оваа продукција и воедно ова е прва македонска песна што ќе се пушта на нивниот канал на Јутјуб, како и на нивната телевизија ’Ај-ди-џеј-ти-ви’. Во план е и снимање нови песни, но прво да видиме какви ќе бидат реакциите во регионот на ’Рамбамбам’“, изјави Ања за „Нова Македонија“.

17800349_1460477080649382_5547369843203561658_n

Таа дополни дека „Ај-ди-џеј ворлд“ во моментов е најголема видео продукција во Југоисточна Европа, со најголема гледаност, со над 1.300.000 претплатници на Јутјуб. На оваа телевизија се пуштаат сите актулени српски, хрватски и босански музички ѕвезди. Сопственик е Андреј Илиќ, син на познатиот музичар и композитор Сања Илиќ, а мајка му беше популарната екс југословенска актерка Злата Петковиќ.

Инаку, спотот за новата песна на Ања го снимаше продукцијата „НН видео“ на Немања Новаковиќ. Ветерова во оваа нејзина најнова видео приказна настапува заедно со танцовата група „Битрикс“ од Скопје, а кореографијата ја направи Ивана Балабанова.

Извор: Нова Македонија



Врати се горе ↑