11 јануари, 2017

Анита Мицова знае да ужива во „Снегот“

Со првата снежна прекривка во ноември стигна и новата песна на Анита Мицова насловена едноставно „Снег“. Идиличната тема на талентираната стружанка, чии автори се Кирил Бабамов и Весна Малинова – Бабамова, сега доби и свое видео издание.

 „Инспирирани од убавините на снегот , решив  песнава да добие какво такво видео. Ова (home made video) можда ве асоцира на нешто, но… не е тоа што мислите…! Уживајте во ’Снег’!!“, порача пејачката претставувајќи ја екранизацијата за нејзиниот „Снег“, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

Инаку, „Снег“ ќе се најде на претстојното првенче на Мицова, кое ќе го носи насловот „Ти сум јас“, а повеќе детали се очекуваат наскоро.



Врати се горе ↑