1 септември, 2017

Анита Мицова го екранизираше своето „Златно жито“

Воведна тема од неодамна објавениот прв албум на Анита Мицова, „Златно жито“ деновиве доби и своја екранизација. Како и останатите песни од албумот, така и оваа е авторско дело на Весна Малинова Бабамова и Кирил Бабамов, а за прекрасното видео се погрижи екипата на „Горила филмс“. Снимањето се одвиваше во идиличната Трпејца, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑