Видео pharrell_anime

20 мај, 2014

Анимиран Фарел Вилијамс: Погледнете го „Last Night, Good Night“

Долгогодишното пријателство и соработка помеѓу познатиот американски музичар Фарел Вилијамс и јапонскиот уметник Такаши Мураками неодамна вроди со плод. Имено, Мураками го поканил Вилијамс да направи ремикс на песната насловена „Last Night, Good Night“, која оригинално ја „изведува“ јапонската анимирана поп ѕвезда Хацуне Мику, која исто така се појавува во видео записот. Ремиксот на Фарел всушност претставува најава за филм од јапонскиот уметник насловен „Jellyfish Eyes“. Како изгледа сето тоа можете да видите во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑