Аудио ад

6 октомври, 2017

Ангела Даиловска дебитира со „Јас не сум ти“

Младата Ангела Даиловска е една од новите музички надежи која ветува многу. Таа пред неколку дена ја објави својата прва песна која носи наслов „Јас не сум ти“, а коментарите се и повеќе од позитивни. Станува збор за песна на Гоце Симоновски, кој ја направи музиката и аранжманот, додека текстот e дело на Роберт Матовски.

Песната веќе се слуша , а Ангела вели дека ова е само почеток.

„Се надевам дека песната ќе ѝ се допадне на публиката и повеќето ќе се пронајдат во неа. Ова е моја прва песна, но ќе продолжам да творам и понатаму. Сакам да сум на естрадата, сакам да пеам, да имам своја публика“, вели младата Ангела, а како звучи нејзиното првенче можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑