Настани 1655881_460956837337860_265799722_n

6 февруари, 2014

Ангел Анкс во петок во ХО

Клуб ХО и за овој петок (7-ми февруари) најавува журка за паметење заедно со еден од најдобрите словенечки диџеи, Ангел Анкс (Angel Anx). Со изданија на Ministry of Sound, Toolroom, CR2, Pacha, Azuli поддржани од најголемите светски имиња во музичката индустрија  како Фетбој Слим, Грув Армада, Ерик Придз, Аксвел, Афроџек, Бени Бенаси, Дејвид Гета, Роџер Санчез, Пит Тонг и други, Ангел Анкс е еден од водечките диџеи и продуценти во регионот заедно со своите сонародници Умек и Валентино Канзијани.

Поканата да направи профил на микс од продуценти на BBC Radio1 докажува уште еднаш дека Ангел Анкс  како диџеј и продуцент продолжува да прави најсовремена продукција за слушателите кои бараат квалитетна електронска музика. Неговиот проект „Фатална песна” беше објавен на CR2 рекордс, а беше поддржан од X-Press 2, NIC Fanciulli, DJ Chus и многу други. Синглот се појави на хаус компилацијата на Обединетите нации заедно со имиња како Ерик Придз, Тифшварц Стив Анџело, Дени Хауелс, а истиот го издадоа и  Pacha и Def Mix на нивниот Winter Sessions vol. 4 миксан од  Ектор Ромеро и Хуан Дијаз кои не се двоумеа да го вклучат „Фатална песна“ на него.

Неговите одлични миксови на Don’t lose yourself Еp, We play house, Ape stalking и соло сингловите Blow и Love Strings ќе бидат само дел од репертоарот на диџеј сетот на Ангел Анкс во петок во ХО. Не пропуштајте да бидете дел од ова хаус доживување. Журката ќе започне на полноќ, а влезниците чинат 150 денари.



Врати се горе ↑