Видео

23 јули, 2019

Анета Молика ја отпеа евровизиската „Proud“

Нашата највисоко пласирана евровизиска песна досега, „Proud“ на Тамара Тодевска, уште од објавувањето на 8 март наиде на позитивни критики и од домашната и од евровизиската публика, а и покрај тоа што е мошне тешка за пеење, си доби повеќе преработки од познати и непознати изведувачи. Меѓу нив е и онаа на Антонија Гиговска, воедно и придружна вокалистка на Тамара, која со емотивната балада се претстави во финалето на „Пиковите ѕвездички – сите ѕвезди, а сега имаме можност да ја слушнеме во изведба на уште една македонска ѕвезда со моќен вокал.

Имено, битолскиот славеј Анета Мицевска од групата „Молика“ во живо ја отпеала оваа песна на неодамнешен настан, но освен бројните позитивни, добила и негативни критики, односно дека не пеела во живо. Токму затоа, пејачката одлучи да го докаже спротивното.

„Пред некое време на еден наш настап нашето славејче Анета ја испеа песната ’Proud’ во живо, па од тука имаше многу позитивни ама имаше и негативни коментари кои тврдеа дека не е во живо, па дека пее Тамара итн. Бевме приморани да ви докажеме дека Анета не пее на ’плејбек’. Поздрав“, пишува во објавата на фан-страницата на „Молика“.

Pred nekoe vreme na eden naš nastap našeto slavejče ANETA ja ispea pesnata PROUD vo živo pa od tuka imaše mnogu pozitivni ama imaše i mnogu negativni komentari koi tvrdea deka ne e vo živo ,pa deka pee Tamara itn i bevme primorani da vi dokažime deka Aneta ne pee na play back pozz od Molika.

Gepostet von Grupa Molika am Freitag, 19. Juli 2019



Врати се горе ↑