Македонија

28 јули, 2018

Анета и Влатко ќе снимаат дует?

Велат кога од грлата на Влатко Миладиноски и Анета Молика ќе се испее некоја убава македонска народна песна, тогаш никој не останува рамнодушен. И навистина е така. А токму последниот заеднички фото-доказ од нивниот настап на Иселеничка средба во Битола, каде пееле пред преполната сала, не само што ги воодушевил нивните виртуелни пријатели, туку многумина почнале да прашуваат и дали ќе има дует.

Поминавме една навистина прекрасна вечер со нашите Македонци. Прво морам да кажам дека секоја нова изведба на песната со која победив на ’Гоце фест’ – ’Велат нè нема’ сè повеќе ми ја полни душата кога гледам како е прифатена кај публиката. А што се однесува до заедничката фотографија со Анета, многу ми е мило што почитувачите на нашата работа бараат дуетска песна од нас. Ние се познаваме долго време, соработуваме одлично, па зошто и да не размислуваме во тој правец, ако тоа од нас го бара секој оној што ја цени нашата музика и работа“, вели Влатко, кој има полни раце работа, а неговата „забранета“ тема „Велат нè нема“ е една од најбараните по свирките.

Извор и фотографија: Вечер



Врати се горе ↑