Македонија 995702_10201671911938781_1608835965_n

13 јули, 2013

Анета и Молика со нов видео запис

Кога станува збор за групата Молика и Анета кои важат за најдобри и најбарани низ цел свет до каде што стапнала македонската нога, се разбира заслужено признати покрај трудот што постојано го вложуваат во афирмација на македонската музика, а своевремено и автори на неколку свои песни, почнаа постојано да нè изненадуваат со својата професионалност.

Покрај сите настапи што ги имаат во државава и надвор од неа, тие сепак наоѓаат време да не изненадат со нешто ново. Овој пат станува збор за новиот видеозапис што го снимаа за нивната авторска песна „Села пелистерски“ под водство и режија на ИН Продукција. Снимањето се одвиваше во скоро сите пелистерски села, а главна улога има Емил од битолската хумористична група Солзи и смеа. Оваа песна е со печалбарска тематика и не случајно се снимаше баш во тие печалбарски, пелистерски села од кои голем број нашинци заминале на печалба. Сценариото е трогателно и сентиментално, нашинец-печалбар по аманет оставен од таткото, после многу години се враќа во стариот крај од каде што му се корените и шета од село во село покрај празните и пропаднати куќи со болка во градите. Оваа екранизирана приказна премиерно ќе биде прикажана на ИНТВ Австралија за неколку дена.



Врати се горе ↑