Македонија andrijana-janevska

11 ноември, 2013

Андријана Јаневска со главна улога во првиот македонски мјузикл

Иако може да се пофали со прилично успешна година на музички план, откако по едногодишна пауза се врати на сцената, Андријана Јаневска не престанува да изненадува. Она што е најново од неа не е песна туку нова улога, улогата на Пенелопа во првиот драмски мјузикл во Македонија Пенелопа Х“ на Никола Коџабашија по текст на Венко Андоновски, кој премиерно ќе биде изведен во МОБ на 17-ти декември, пишува Вечер.

„Почнаа пробите за Пенелопа Х”. Колку е лесно да работиш со професионалци! Нишај ме, нишај, Пенелопо бивша, нишај, ме нишај… Стави мртва школка на десното уво и слушни како дишам”. Уживанција!” – вели Андријана инспирирана од пробите со групата Фолтин. Пејачката е пресреќна што ќе работи нешто ново, оригинално и со инспиративни луѓе. Воедно и додаде дека е благодарна на сите оние кои и ја дале довербата со доделувањето на главната улога.

„Ветувам дека најодговорно ќе работам и нема да ве разочарам“ – заврши Јаневска, која утревечер ќе настапи и на Скопскиот фестивал, а на 30-ти овој месец ќе биде дел од големиот концерт на Митан Проект кој ќе се одржи во Универзалната сала во Скопје. Во продолжение уживајте со летниот хит „Животот е убав“.

 



Врати се горе ↑