Македонија andrijana-janevska

26 февруари, 2013

Андријана Јаневска сними видео запис за „Можеби“

Андријана Јаневска викендов снимаше спот за песната „Можеби“ која ја отпеа на Скопскиот фестивал, а која за потребите на видеото е преаранжирана само за клавир, виолончело и глас, пишува Вечер. Спотот е дело на Гоги Полизов, се снимаше во Македонската опера и балет, има една сцена со повеќе кадри.

„Не сакав видеото да има класична приказна, туку сакав да биде арт и да има повеќе емоција. Планирам спотот да биде готов до 8-ми март и да биде подарок од мене до сите дами затоа што „Можеби“ е женска песна. Многу сум задоволна од сработеното, останува да го видиме финалниот производ кој не се сомневам дека ќе биде фантастичен. Што се однесува до стајлингот, и овој пат им го доверив на Мила Кадриу и Зоран Шурбевски“ изјавила Андријана, која по пауза од пет години го сними видеото за кое беше задолжена БМА продукција. Последниот видеозапис го сними во 2008 година за песната „Зрно“.

Пејачката вели дека ова е само најава за она што допрва ќе следува, нови песни со живи инструменти и со што помалку синтетика во нив, а идејата ѝ е сè тоа да се заокружи со концерт со голем оркестар. Во продолжение да се потсетиме на одличниот настап на Скопскиот фестивал, кој се одржа на 17-ти ноември минатата година.

Извор: Вечер



Врати се горе ↑