21 март, 2016

Андријана Јаневска разголена во новиот видео запис за „Без милост“

Андријана Јаневска првиот ден од пролетта го започна со нова песна и нов видео запис, во кој пејачката можеме да ја видиме во малку поинакво издание. Имено, во екранизацијата за баладата насловена „Без милост“, Јаневска во неколку сцени можеме да ја видиме сосема гола, но, секако, уметнички и со вкус.

„Без милост“ е дело на нејзиниот сопруг Драган Гиновски – Гино, кој се потпишува на музиката и аранжманот, а стиховите ги напиша самата Андријана. Видео записот, во режија на нејзиниот долгогодишен соработник и колега, Александар Ристовски – Принц, е објавен на официјалниот канал на Јаневска на „Виво“, а како изгледа и звучи „Без милост“ можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑