Македонија 523983_10150993200929790_339828614_n

9 декември, 2012

Андријана Јаневска наскоро со голем музички проект

По 14 месеци од раѓањето на синчето Димитар, Андријана Јаневска се врати на музичката сцена. Авторската тема „Можеби“ со која настапи на Скопскиот фестивал беше повод да продолжи онаму каде што застана. По четири години забавување Андријана и Драган Гиновски – Гино, гитаристот од групата Архангел, одлучија да ја крунисаат љубовта.

Јаневска изјавила дека наскоро планира да почне голем музички проект, што вклучува и албум со 15 до сега необјавени песни кои се во изведба со симфониски оркестар. Темите се во стилот на „Skyfall“ на Адел, а планира да ги пласира и на светскиот музички пазар. Во продолжение да се потсетиме на одличниот настап на Скопски фестивал.

Извор: Вечер



Врати се горе ↑