Македонија andrijana janevska

24 јуни, 2013

Андријана Јаневска најави нов летен хит

По промоцијата на видео записот за авторската композиција „Можеби“, која ја отпеа на Скопскиот фестивал, со што го прослави јубилејното 15-годишно постоење на естрадата, Андријана Јаневска подготвува нов летен сингл, пренесува Вечер.

„Најновата песна е во завршна фаза. Мислам дека ќе имам летен хит. Композицијата е летна и весела и ако сè оди според планот, ќе добие и спот“ – вели Јаневска, додавајќи дека промоција за медиуми нема да има, туку видеото и песната ќе бидат објавени на нејзиниот официјален Јутјуб канал.

Со ова Андријана и официјално се враќа на естрадата по двегодишната пауза од раѓањето на синот Димитар. Таа по породувањето изјави дека ќе почека синчето да потпорасне за повторно да се врати на естрадата, па како што вети – така и направи. Петнаесетте песни кои ги напиша во текот на бременоста го дочекаа своето време за промоција и не само на македонската, туку и на интернационалната музичка сцена.

Направив 15 композиции, тие како од секогаш да биле напишани и само чекале миг да излезат од мене. Се надевам дека во следниот период ќе имам можност да ги спакувам во албум кој ќе биде направен со огромна љубов“ – заврши пејачката.



Врати се горе ↑