Македонија 12038007_10153019174636583_7160170166255659516_n

20 март, 2017

Андријана Јаневска најави нов албум и концерти во Пекинг и Њујорк

Андријана Јаневска најавува три крупни проекти за оваа 2017 година, вклучувајќи нов албум и негова концертна промоција во и надвор од границите на Македонија. Имено, во разговор за „Дневник“, таа откри дека концертната промоција ќе вклучува три солистички настапи во кинеската престолнина Пекинг и концерт во Њујорк, а сето тоа на крајот од годината ќе кулминира со концерт во МОБ.

Албумот ќе биде нејзино деветто, односно трето солистичко издание, на кое работела веќе подолг период, но го чекала вистинскиот момент за негово објавување. Меѓу другото, таа откри дека се работи и на дивиди издание од Василичарскиот концерт, каде што годинава се претстави како прв солист со целовечерен концерт.

Повеќе во разговорот со „Дневник.

Фотографија: Фејсбук

 



Врати се горе ↑