Аудио

22 август, 2017

Андријана Јаневска компонираше музика за американската компанија „ЛОТ“

Музиката нема граници, а доказ за тоа е и нашата Андријана Јаневска, која продолжува да го проширува списокот со соработници од целиот свет. Имено, после одличните соработки со грчкиот музичар Апостолос Стефанопулос за „Децата на сонцето“ и насловната тема од хрватскиот филм „Hyro“, музичарката неодамна компонираше музика за потребите на американската компанија „ЛОТ“, а како звучи сето тоа можете да слушнете од видеото во продолжение.

1

 

Јаневска на почетокот на месецов претстојуваше во Њујорк, каде што заедно со својата сестра Николина, сопругот Драган Гиновски – Гино и композиторот Иван Еминовиќ премиерно го претставија нејзиниот авторски проект „Бог и јас. Секако дека претстојот во Големото јаболко го искористи и за прошетка низ „градот кој никогаш не спие, како и да ужива со одличната изведба на познатата „Фантомот од операта“ во театарот „Маџестик“.

20597153_10155055121164790_2889996901888160160_n

Според најавите, оваа доста успешна година за Јаневска треба да кулминира со голем концерт во МОБ, кој би требало да се случи кон крајот на годинава.

И.Ј.



Врати се горе ↑