29 септември, 2014

Андријана Јаневска ја претстави својата „Казна“

„Твоја казна нека биде, да ме сакаш дур ме нема, дури сонцето го снема, дури небото ме зема“ се стиховите од новата песна на Андријана Јаневска насловена „Казна“, која е комплетно нејзино авторско дело и чија продукција ја потпишува нејзиниот сопруг Драган Гиновски – Гино. Песната беше претставена заедно со видео запис во режија и продукција на Александар Ристевски – Принц.

„Тоа не е песна од 3 минути; таа трае 26 години, онолку колку што сум ја изучувала, сакала, свирела, пеела и живеела музиката. Има во неа многу нешта, и среќа и тага, и болка и радост“, вака Андријана ја објасни новата песна, заблагодарувајќи им се на сите кои дадоа свој придонес за финалниот производ, а тоа се придружните вокали Теа Богатинова, Марија Пападинова и Сања Зукиќ, Горан Јанев (хорна), Климент и Милена Тодороски (виолини), Мила Кадриу (костимограф), „Олимпија бижу“ (накит), Зорица Николова (шминка и фризура), Петар Каневчев (фотографии) и Дарко Велковски (модел).

Како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑