Видео

21 март, 2019

Андријана Јаневска ја освојува Хрватска со „Дај пољуби ме“

Во утринската програма на ХРТ 1, „Добро утро, Хрватска“, деновиве премиерно беше прикажана новата песна на Андријана Јаневска насловена „Дај пољуби ме“, со која македонската музичарка дебитира на тамошната сцена. Имено, како што открива Јаневска, соработката почнала по иницијатива на продуцентот М.М. Вили од Виена, кој е автор на музиката и на текстот, додека аранжманот го направи Јосип Шукер од Загреб.

„Оваа македонско-хрватско-швајцарска соработка се случи по иницијатива на М.М. Вили, кој ме нашол на Интернет, се заинтересирал за она што го работам и така почна оваа, се надевам, успешна музичка приказна. Инаку, пред две недели снимив спот за песната ’Дај пољуби ме’, со убавините на градот Загреб, а премиерата се одржа во понеделникот, на ХРТ1, во емисијата ’Добро утро, Хрватска’, каде што ја отпеав песната и свирев на виолина во живо, а ја изведов и ’Македонско девојче’“, изјави Андријана за „Нова Македонија“, додавајќи дека во подготовка се уште пет песни што ќе ги отпее на хрватски јазик, а се дело на истите автори.

Andrijana Janevska, (violina i vokal), Dominik Žagmeštar (klavirska pratnja): "Makedonsko devojče"

Andrijana Janevska, (violina i vokal), Dominik Žagmeštar (klavirska pratnja): "Makedonsko devojče"

Gepostet von Dobro Jutro, Hrvatska am Montag, 18. März 2019

 

Сите тие ќе бидат пласирани во текот на оваа и следната година, под закрила на издавачката куќа „Хамар медија“ од Загреб, со која Јаневска потпиша договор. Таа додаде и дека пресреќна што добила ваква шанса бидејќи „тоа е и суштината на музиката и уметноста воопшто, да се срушат границите и да се обединат луѓето. А соработката со М.М. Вили е навистина необична. Работевме околу три години само преку Интернет, а направивме два албума, на едниот свирам виолина, на другиот пијано, и тоа без воопшто да се видиме. Сѐ се одвиваше беспрекорно, па зошто сега и во иднина би било поинаку.“

Веднаш по премиерата на „Дај пољуби ме“, реакциите беа навистина одлични, па се надеваме дека ова ќе биде уште едно успешно поглавје во веќе плодната кариера на Андријана Јаневска. Целиот разговор со „Нова Македонија“ прочитајте го овде, а како звучи и изгледа нејзиното хрватско првенче дознајте во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑