Македонија andrijana janevska

11 септември, 2014

Андријана Јаневска ја најави својата „Казна“

По минатогодишниот летен хит „Животот е убав“, Андријана Јаневска наскоро ќе ја претстави својата нова песна насловена „Казна“. Аудио материјалот е веќе снимен, а во недела ќе се снима и видео запис, чија промоција можеме да ја очекуваме до крајот на месецов.

„Благодарност до колегите од МОБ кои со своите инструменти, на песната ѝ дадоа душа, како и на девојките кои со своите гласови ѝ дадоа младост. Останува уште да го снимиме спотот, па очекувајте промоција на нешто ново и оригинално до крајот на месецот“, напиша Јаневска на својот профил на „Фејсбук“, а додека го очекуваме нејзиното најново музичко парче, да се потсетиме на прекрасната балада „Можеби“, со која пејачката настапи на возобновениот Скопски фестивал во 2012 година.

 



Врати се горе ↑