Македонија 10881537_10152476655486583_6944126367973206808_n

30 декември, 2014

Андријана Јаневска и Мијата најавија празничен дует

Последните денови од годинава Андријана Јаневска и Мијата ги искористија за да снимат заедничка песна, а празничната тема насловена „Еден ден“ ќе биде претставена на Божиќ. Песната е од оние кои се субвенционирани на третиот конкурс за поддршка на македонската музика, а за екранизацијата се погрижи „Томато продукција“.

„Вчера снимав спот со Мијата за нашата нова песна ’Еден ден’ во 9-ти месец од мојата втора бременост. Премиера за Божик, на 7 јануари. Со оваа песна и официјално ја завршувам 2014 година“, напиша Јаневска објавувајќи ја оваа фотографија на Фејсбук.



Врати се горе ↑