Македонија Andrijana-fifi

22 февруари, 2014

Андријана Јаневска ѝ подари песна на Фифи

Уште на почетокот на музичкиот натпревар Х-Фактор, Андријана Јаневска изјави желба да им подари песни на нашите финалисти – Фифи и Даниел Кајмакоски, а деновиве го оствари ветувањето, пренесува Вечер. Имено, Фифи веќе извесен период е затворена во студио кај пејачката, каде што работи на снимањето на синглот, кој според најавите, ќе биде нешто невидено досега.

„Со задоволство можам да кажам дека песната која ја правиме со Андријана Јаневска е скоро готова. Се надевам дека ќе ви се допадне, бидејќи ќе биде нешто сосема поинакво од она што го имам работено досега. Ти благодарам Андријана, ти си една прекрасна личност“ – напишала Фифи на профилот на Фејсбук, на што Андријана и одговорила: „Ќе имаш најоригинална песна на естрадата, тоа е сигурно. Плус во комбинација со тебе како оригинална личност, нема да има промашување. Имаш талент, желба, харизма, сè што е потребно за успех. Најискрено се надевам дека ќе имаш хит“ – се вели во коментарот на веќе искусната пејачка и текстописец.

Промоцијата за синглот, чиј наслов сè уште се држи во тајност, ќе се случи наскоро, а веќе за идната недела Фифи во Белград има закажано промоција на спотот за песната „Намерно“, која доби и српска верзија.

 



Врати се горе ↑