Видео

19 октомври, 2017

Андреј Миске објави видео за дуетот со Ноне, „Те сакам за себе“

Иако веќе подолго време е отсутен од музичката сцена, стилистот и музичар Андреј Миске одлучи да направи видео за неговиот дует со колешката Нона Неделковска, која исто така е во „пензија“. Станува збор за своевремено големиот хит „Те сакам за себе“ (2011), чија екранизација е сочинета од сцени од популарната американска серија „13 причини зошто“.

Миске беше поактивен на музички план во 2013 и 2014 година, по што следеше пауза, а последното што го слушнавме од него беше минатогодишната Јас сум тој“, па дали новото видео е најава за нешто што допрва следува, останува да дознаеме во иднина. Само за потсетување, автор на стиховите на песната е самиот Миске, додека музиката и аранжманот се на Дарко Илиевски, а како изгледа визуализацијата на „Те сакам за себе“ можете да погледнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑