Македонија andrej miske

16 јуни, 2014

Андреј Миске ја промовираше својата нова веб страница

Раперот Андреј Миске кој се докажа и како професионален фризер и шминкер, деновиве за пошироката јавност ја пушти во интернет просторот својата нова веб страница. Веб страницата е изработена во модерен, но и едноставен за навигација дизајн. Богатото портфолио и креативното добредојде е она што прво ќе го забележите кога ќе ја отворите веб страницата www.studiomiske.com

„Бидете умни ако можете, бидете добри ако сакате, но секогаш бидете убави. Подарете си нов стајлинк и блескајте од убавина и гламур само во салонот на Андреј Миске“, вака Андреј Миске ќе ви посакува добредојде на неговата страница.

Андреј по природа е скромен, но во својата професија еден од најдобрите.

„Човек кој си ја знае работата, човек на кој клиенти му биле едни од најпознатите наши, па и странски пејачи. Во слободно време пишувам и компонирам песни кои можете да ги видите на мојата веб страница“, се опишува себе си Андреј.

Додека чекаме нов хит од Андреј Миске, кликнете на www.studiomiske.com и погледнете дел од неговото богато портфолио.



Врати се горе ↑