17 април, 2014

Андреј Миске го претстави видео записот за „Празно место“

Песната „Празно место“ која Андреј Миске ја претстави на почетокот на годинава неодамна доби и свое видео издание. За визуализацијата на оваа љубовна приказна се погрижија Зоран Двојаковски (камера) и Ацко Мисрчовски  (монтажа), а главните улоги покрај Миске ги имаа Тамара Сачарска, Новица Печински и Бранислав Радински. Снимањето се одвиваше на неколку локации во Берово, а промоцијата се одржа во беровското кафуле „Корзо“.

Видео записот можете да го погледнете горе, а прилогот за промоцијата од „Малеш нет“ можете да го видите во продолжение.

 



Врати се горе ↑