Македонија

12 декември, 2017

Андреј и Панчо во возможна мисија: Решија да докажат дека имаат иста ДНК со Дедо Мраз!

Андреј и Панчо му се придружија на проектот „Среќа“ и кампањата „И јас сум  Дедо Мраз“, која има за цел да обезбеди голем број на новогодишни подароци за децата кои живеат во сиромаштија.

Членовите на популарното ар-ен-би дуо се меѓу првите јавни личности кои имаат голем број следбеници на социјалните мрежи што се приклучуваат кон оваа кампања, за да ја промовираат, а и самите да станат дел од неа. Затоа двајцата решија да одвојата дел од својот хонорар и да купат новогодишни подароци за децата. Убаво ги завиткаа, а потоа напрваија неколку фотографии кои ги објавија на социјалните мрежи со ознаките #ијассумдедомраз  #проектсреќа. Не за да се пофалат дека ете и тие биле хумани, напротив… за да ги мотивираат сите граѓани, но и компаниите и институциите да го сторат истото.

d1

d2

Потоа ги обуја чевлите на Дедо Мраз и тргнаа во возможна мисија – да докажат дека имаат иста ДНК со Дедо Мраз! Ама, бидејќи тој е еден, а тие се двајца… Панчо беше Дедо Панчо Мраз, а Андреј… Баба Андреј Мразица! А мисијата… Целосно исполнета! И тие и децата – среќни и насмеани!

Споделената фотографија како потврда на Интернет: Андреј и Панчо имаат иста ДНК  како и најсаканиот дедо на овој свет!



Врати се горе ↑