Концерт

21 јануари, 2019

Андре Риу за првпат во живо во Македонија!

На 6 јуни 2019, во aрената „Борис Трајковски“ во Скопје

Светската ѕвезда Андре Риу (André Rieu) е несомнено еден од најпопуларните интернационални музичари на нашето време. Насекаде прославен како современиот „крал на валцерот“ од Мексико до Австралија, Андре Риу свири во своја сопствена лига пред 600.000 публика годишно, надминувајќи ги дури и суперѕвездите како Бруно Марс, „Еј-Си/Ди-Си“ или Ријана. Во организација на „Пасворд продакшн“, на 6 јуни 2019 Андре Риу ќе настапи во живо во арената „Борис Трајковски“ во Скопје со неговото бомбастично сценско шоу во рамките на неговата светска турнеја за 2019 година.

Музиката и особено валцерот се многу важен дел од мојот живот“, вели Андре Риу. „Ако некое музичко дело го допре моето срце, ќе го допре и вашето срце исто така. Оваа прекрасна музика ми дозволува да внесам радост во животот и смеа во светот. Сѐ е дозволено на моите концерти: смеење, плачење, танцување, пеење. Емоциите се тајната на мојот успех.“

Концертите на Андре Риу се огномет од емоции. На речиси 100 концерти годишно, Риу гарантира совршена забава со светски познатите, романтични и мелодии полни со душа како и со бројни изненадувања, хумор и првокласни интернационални солисти. Заедно со неговиот 60-член Јохан Штраус Оркестар, најголемиот приватен оркестар на светот, харизматичниот Холанѓанец речиси 30 години го обиколува светот.

Меѓу останатите земји, во рамките на ланската светска турнеја Андре Риу настапи и во САД, Канада, Аргентина и Австралија, како и во Велика Британија. Со цел да се организира патувачката рута и превозот на неговата огромна продукција помеѓу континентите, сите фантастични костуми, инструментите и сценската конструкција постојат во четири идентични поставки. Повеќе од 40 милиони продадени цеде и дивиди-изданија, 30 први места во топ-листите и 500 платинести награди се само дел од она што го прави Андре Риу вистински „маестро на публиката“, како што го нарекува „Њујорк тајмс“. Неговите видеа на Јутјуб надминуваат далеку над милијарда прегледувања досега, а над 3.8 милиони фанови го следат Кралот на валцерот на Фејсбук.

Во јули 2018 Андре Риу ги одржа и неговите годишни концерти на отворено во неговиот роден град Мастрихт во Холандија. За првпат, на 13-те вечери повеќе од 150.000 фанови од над 80 земји беа дел од спектакуларните концерти во Вријтхоф.

Андре Риу повеќе од 40 години е среќно оженет и живее со неговата сопруга Марџори во романтичен замок од 1452 година во неговиот роден град Мастрихт во Холандија. Тие имаат два сина и пет внуци.

Андре Риу и неговиот Јохан Штраус Оркестар годинава доаѓаат во Скопје.

Уживајте во фантастичниот спој на валцер, филмска музика, мјузикли, опера и хитови. Најдобрите влезници, публиката ќе може да ги набави од СРЕДА23 ЈАНУАРИ 2019 од 10.00 часот за премиерна, незаборавна вечер и доживување со Андре Риу – ВО ЖИВО во Македонија!

Повеќе информации и билетите почнувајќи со цена од 3.050 денари на www.mktickets.mk и www.andrerieu.com



Врати се горе ↑