Видео

23 февруари, 2019

Андре Риу ја свири „Македонско девојче“

Современиот крал на валцерот, како што го нарекуваат холандскиот виолинист со светска слава Андре Риу, на 6 јуни за првпат ќе одржи концерт во Скопје, во ВИП арената „Борис Трајковски“. Познатиот музичар ќе настапи со својот оркестар „Јохан Штраус“, кој со своите 60 музичари е најголемиот приватен оркестар на светот.

Како поздрав на македонската публика, Риу објави видео на која со оркестарот ја свири познатата песна „Македонско девојче“, која ја напиша легендата на народната песна Јонче Христовски. Концертот го организира продукцијата „Пасворд“, а билетите се продаваат преку Мк Тикетс.



Врати се горе ↑