Свет andre-3000-628

18 ноември, 2012

Андре 3000 не се брза со новиот албум

Познатиот рапер од групата Ауткест, Андре 3000 кој ќе ја игра улогата на легендарниот Џими Хендрикс во филмот кој ќе се снима за легендарниот пејач и гитарист, не се брза со објавувањето на новиот албум. Подготвувајќи се за оваа улога, Андре изјавил дека размислува за Хендрикс како за обичен човек, а не рок ѕвезда. „Не сум размислувал за него како за икона, затоа што кога еден човек го живее својот живот, тој не размислува за тоа дека е инкона. Не си икона, додека некој друг не го каже тоа.“ – изјавил музичарот, чие вистинско име е Андре Лорен Бенџамин (André Lauren Benjamin).

Филмот насловен „All Is By My Side“ ја раскажува приказната од раниот период на кариерата на познатиот рок гитарист, а премиерата е закажана за следната година.

Групата Ауткест (Outkast) не е активна веќе неколку години, Биг Бои го подготвува неговиот втор соло албум, а самиот Андре 3000 се гостуваше во песните на изведувачи како што се Бијонсе, Френк Оушн, Рик Рок и Јанг Џизи. Тој изјавил дека не се брза со подготовките на новиот албум велејќи: „Некогаш чувствувам дека тоа треба да го направам што е можно поскоро, а некои денови воопшто не ми се брза. Не знам каде тоа води, само се надевам дека ќе ми дојде инспирација. Постојано пишувам, но не знам дали ќе снимам клаичен рап албум, не сум сигурен на што ќе личи тоа.“ 



Врати се горе ↑