Настани ImageProxy (2)

27 јуни, 2013

Андерграунд љубовта на Егзит‏

Сите овие години се трудиме да го подигнеме нивото и да ја пренесеме својата визија за алтернативна забава. Ако ја погледнете нашата програма, на неа се наоѓаат изведувачи кои токму ги испитуваат границите на креативноста. Без компромис Ви ги претставуваме најнапредните стилови на електронската алтернативна музика во 2013.

Првата вечер на фестивалот резервирана е за една од водечките светски андерграунд издавачки куќи, легендарниот холандски Clone, зад кој стои DJ Serge. Основана уште во 1993 година, оваа етикета набргу го насобра вниманието на јавноста благодарение на свежиот пристап кон класичните звуци на Чикаго хаус, Детроит техно, електро, диско и итало-диско стилот. Боите на Clone ќе ги бранат Gerd, Alden Tyrell и Dexter.

Во сабота, 13-ти јули, на Happynovisad бината пред клупскиот бренд каков што е Leisure System ќе настапат Dopplereffekt, Ikonika и Visionist. Leisure System веќе години наназад како свој дом го одредува култниот берлински клуб Berghain. Овој проект за исклучително крако време ги надрасна стандардните рамки на клупските вечери, патуваше по цела Европа од Москва преку Хаг до Лондон и во 2011 ја оформи и издавачката куќа со исклучително квалитетна програма.

Последната вечер на фестивалот, Happynovisad бината ќе ги угости Om Unit, Dawn Day Night и dBridge кој го одбележува десеттиот роденден на својата славна етикета Exit Records која е родена како плод на долгогодишната љубов на Darren White ака dBridge кон музиката. Од своето настанување во 2003 година, Exit Records стана водач во напредната електронска музика и ги подигна стандардите како во продукцијата така и во презентирањето на материјалот. Оваа година се очекуваат широк спектар на изданија кои на најдобар можен начин ќе го одбележат овој јубилеј.

 

Gerd

Зад имињата Amplified Orchestra, NY Stomp, Geeeman, Automator, B.S.O. Research, Gerd, Glisten Syndicate, D’Argento, Literon, Metro Dade, Replica, Sensurreal, Devotar, Literon стои само еден човек – Gert-Jan Bijl, исклучително талентираниот и неуморен холандски диџеј и продуцет. Со својата шареноликост и искуство во работата, како во диџејството и лајв сетовите, така и во оригиналната продукција и ремикси, достигна статус на еден од најпобаруваните берлински имиња.

 

Alden Tyrell

Прикриениот херој на холандската сцена. Веќе повеќе од 10 години создава жанровски широк опус на сѐ од електро преку итало до техно, иако во последно време вниманието му е фокусирано на Чикаго хаус звукот. Покрај натпросечното знаење од областа на продукцијата, Tyrell е и маг за мастеринг, па кога не ги полни подиумите ширум Европа, ги замешува своите прсти во скоро секое издание на Clone.

 

Dexter

Со повеќе од десет години искуство од лајв и диџеј настапите, практично не постои место во Европа каде Dexter нема свирено. Dexter зборува само кога има нешто да каже, а кога Dexter има нешто да каже, светот слуша.

 

Dopplereffekt

Ова мистериозно дуо од Детроит во текот на годините ги напушти своите електро почетоци за да се задржи на поексперименталниот звук преполн со синтисајзери. Иако идентитетот на членовите на овој состав не е потврден, основата на бендот е Gerald Donald, на некои повеќе познат од составот Drexciya со Јames Stinson. Целото аудио-визуелно доживување кое Dopplereffekt го овозможува, можете да го најдете како на уметничка изложба со седишта, така и во клубови и фестивалски бини. Фановите ќе ги израдува и фактот дека ова лето по дури шест години не чека ново изненадување.

 

Ikonika

Ikonika е една од најталентираните продуценти на својата генерација. Нејзиното деби „Please“ од 2008-ма, го најави нејзиниот напреден, исклучително мелодичен и помалку откачен поглед на британската андерграунд денс музика. По повеќе изданија за Planet Mu и Hyperdub, две години по првото издание Ikonika го објавува „Contact, Love, Want, Have“, албумот кој благодарение на неверојатните критики, се искачи меѓу најдобрите албуми во 2010-та.

 

Visionist

Овој продуцент од јужен Лондон го привлече вниманието на јавноста со траките „Come In“ и „Mr. 67“ по што беше поддржан од DJ Oneman. Од тогаш исфрли повеќе изданија за етикетите како што се Keysound Recordings, Signal Life и 92 Points.

 

dBridge

Darren White aka dBridge, продуцентот ветеран, е еден од најискусните драм’ен’бејс изведувачи на денешницата. Неговите трансформации и еволуција, одбележаа неверојатен број достигнувања. За време на долгата низа години од својата влијателна кариера, dBridge беше дел од некои од највозбудливите драм’ен’бејс соработки воопшто видени, од Future Forces, преку Bad Company до најскорешната, Club Autonomic.

 

Om Unit

Om Unit изгради репутација како еден од најинтересните и најконзистентните изведувачи во светот на електрониката. Член на Red Bull Music Academy од 2011-та и сопственик на етикетата Cosmic Bridge, Om Unit за неверојатно кратко време стана еден од водечките иноватори во електронската музика и даде пример колку истата знае да биде разновидна и неоптоварена со жанровските граници.

 

Dawn Day Night

Дали е тоа џангл? Дали е тоа џук? Или можеби трап? Една работа е сигурна, а тоа е дека музиката на Dawn Day Night ги тера сите девојки на танц.

 

Поскапување на влезниците

Петдневните влезници за Exit сѐ уште се достапни по промотивната цена од 3.580 МКД сѐ до 1-ви јули до полноќ. По оваа цена, од 2-ри јули, влезниците ќе изнесуваат 4.510 МКД сѐ до 6-ти јули до полноќ.

Актуелната промотивна цена на еднодневните влезници од 1.560 МКД ќе трае до 1-ви јули, до полноќ, а веќе од 2-ри јули цената за еден ден на фестивалот ќе изнесува 1.890 МКД. За време на одржувањето на фестивалот, цената на еднодневните влезници ќе биде поскапа, така штопромотивниот период од продажбата е идеална прилика за сите оние на кои EXIT им е најубавиот летен период,  да дојдат до своите карти на најлесен начин. Официјално продажно место за влезниците за Exit  во Македонија е МКтикетс (Југотон – Скопје, ГТЦ, прв кат).



Врати се горе ↑