Свет anastacia-anastacia-2867681-1480-1000

22 октомври, 2012

Анастејжа ќе пее „машки“ песни

Американската поп пејачка Анастејжа по неколкугодишна пауза од нејзниниот последен албум во 2008 година, се враќа на музичката сцена со петти студиски албум. Карактеристично за ова издание е тоа што ќе се состои само од преработки на хитови оригинално изведувани од машки рок артисти. It’s a Man’s World e целосно продуциран од Глен Балард и ќе биде пуштен во продажба на 9ти ноември, а синглот кој што ќе го најави една недела порано е преработката на Best of You од Фу Фајтерс. Меѓу другите хитови кои ќе се најдат на албумот се и Use Somebody од Кингс оф Лион, легендарната Sweet Child о’ Mine и добро познатата You Give Love a Bad Name на Бон Џови. Во секој случај, интересен музички проект, несекојдневно е да се слушне женски изведувач да пее „машки“ песни. Во продолжение, да се потсетиме на огромниот хит од 2000 година I’m Outta Love.

 



Врати се горе ↑