Аудио

10 октомври, 2018

Анастасија со одлично деби на „Макфест 2018“

Младата Анастасија Аврамовска, која е една од најнадежните млади музички ѕвезди во Македонија, годинава освен што дебитира на музичката сцена, за првпат запеа и на популарниот фестивал на забавни мелодии „Макфест 2018“. Таа настапи прво во втората полуфинална вечер, а потоа и во финалето со темата „Ме научи да бидам своја“, потпишана од авторите Иле Спасев и Даниела Хаџи-Тоневска.

За нејзиниот комплетен настап на фестивалот може да се каже дека беше еден од најдобрите, па иако не освои ниту една награда, сигурни сме дека песна ќе биде доста слушана. Само за потсетување, македонската публика подобро ја запозна Анастасија наКастинг талент шоуто за првиот македонски мјузикл „Тајно моја“ во чест на Тоше Проески, а летово дебитираше и на „Охрид-фест, каде што за темата „Ти си мојот херој“ освои две награди – 3. место од жирито и 2. место од публиката.

Ние не се сомневаме дека ова е само почеток на сето она што допрва ќе го слушнеме од оваа талентирана девојка, а како изгледаше и звучеше нејзиното деби на „Макфест 2018“ дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑