15 јули, 2018

Анастасија Ражњатовиќ дебитира со „Савршен пар“

Ќерката на балканската дива Цеца, Анастасија Ражњатовиќ тргна по стапките на својата славна мајка, а како прв чекор во нејзината музичка кариера денеска беше претставена песната насловена „Савршен пар“. Автор на музиката и аранжманот е нашиот Дарко Димитров, а стиховите си ги потпишува самата Анастасија, додека видеото е во реализација на продукцијата „Ај-ди-џеј видеос“, под режисерската палка на Андреј Илиќ.

За само неколку часа од објавувањето, под видеото се наредија бројни позитивни коментари од нејзините обожаватели, опишувајќи ја песната како летен хит, а како изгледа и звучи нејзиниот „Совршен пар“ дознајте горе. Уживајте!



Врати се горе ↑