8 ноември, 2012

Ана Станиќ ја претстави нејзината „Паника“

Српската пејачка Ана Станиќ пред извесно време го најави видео записот за нејзиниот најнов сингл „Паника“. Денеска спотот ја доживеа својата премиера на српските медиуми,  па и ние Ви го претставуваме овде во Македонија. Екранизацијата на овој сингл зборува за случувањата во главата на девојката првата ноќ по раскинувањето, а сниман е во новоотворениот хотел „Метропол“ во Белград. Режијата е потпишана од Dreamers, директор на фотографија е Марко Совиљ, а стилист Ива Стефановиќ. Погледнете ја „Паниката“ на Ана Станиќ.

Извор: tracara.com



Врати се горе ↑