13 мај, 2015

Ана Симоновска со видео запис за „До последен миг“

Темата „До последен миг“, која Ана Симоновска ја претстави во февруари годинава, неодамна доби и официјален видео запис. Како и за нејзините претходни остварувања, така и овој пат Симоновска се потпишува и како автор на музиката и текстот, за аранжманот се погрижи долгогодишниот соработник Дарко Тасев, а за продукцијата е одговорен Кристијан Габроски.

„Во изминатите неколку месеци работев на уште две нумери, повторно со Тасев, кои беа снимени во До-Ре-Ми студио со продуцентот Златко Симионски, а ќе бидат промовирани во периодот кој следува“, најавува Симоновска.

„До последен миг“, а воедно и сите досега објавени песни, може бесплатно да се преземе на www.soundcloud.com/anasimonovska. Видео записот Ве очекува горе. Уживајте!



Врати се горе ↑