Настани article_big_1266786155ana_popovic

29 март, 2013

Ана Поповиќ, Дилајла и Пронг ќе настапат на EXIT Fusion бината

Ана Поповиќ, позната како „женскиот Хендрикс“ е една од најпризнатите светски блуз музичари. Талентот и желбата ја одведоа од Белград, преку Холандија, дури до Мемфис, престолнината на блузот. По издавањето на првиот албум „Hush“, ја препознаваат и признаваат како најдобар европски блуз музичар. Таа е единствената Европјанка некогаш номинирана за Дебитант на годината во рамките на Handy наградите, блуз верзија на Оскарите. Покрај бројните номинации и освоени награди во Европа и Америка, најголемото признание пристигна во вид на покана за заедничка турнеја од страна на кралот на соул музиката, Соломон Бурк. Нејзиниот квалитет го препознал и најголемиот светски произведувач на гитари Fender, чие заштитно име веќе неколку години е токму Поповиќ.

„Секогаш сакам публиката да ја почувствува мојата страст која ја чувствувам кон музиката. Секогаш се обидувам да ја пронајдам таа енергија со која зрачеше Хендрикс. Тоа чувство е и причината поради која свирам“ – вели блуз дивата, која особено ужива во настапите во Србија.

 

На Fusion бината годинава ќе настапи и Дилајла (Delilah), девојка со ангелски глас која со својата музика ги освојува срцата ширум светот. Публиката се запозна со нејзините одлични гласовни способности  во 2010 година, кога се појави големиот хит состав Chase and Status „Тime“. Набрзо потоа, Дилајла го освои светот и со својот прв албум „From The Roots Up“, како и хитот „Go“, мешавина од песната „Ain’t Nobody“ од Шака Кан и верзијата на Дилајла, за која и самата Кан изјавила дека е генијална. Софистицираноста на нејзиниот глас цело време флертува со различни стилови и расположенија и на тој начин креира карактеристична атмосфера. 

 

Од њујоршката метал сцена на Петроварадинската тврдина пристигнуваат пионерите на урбаната метал сцена, легендарните Пронг (Prong). Составот кој го инспирирал Корн и многу други бендови, се појавил на сцената уште во осумдесеттите години, но и понатаму ги воодушевува фановите на „тврдиот“ звук на гитарата. Томи Виктор, фронтменот на Пронг, ја започнал кариерата како тон-мајстор во познатиот клуб CBGB и токму тоа место го истакнува како најголемо влијание на музиката на бендот. По „аферата“ со легендарните сосрави Министри и Данзиг, Томи донесе нова енергија во Пронг, а публиката на Егзит фестивалот ќе има можност да го слушне и нивниот нов албум „Carved into Stone“.

 

Извор:MTV.rs

 



Врати се горе ↑