Концерт

25 јануари, 2018

Ана Николиќ и Раста доаѓаат во Македонија со екипа од 50 луѓе

Пејачката Ана Николиќ и раперот Стефан Ѓуриќ Раста на 16 февруари во Македонија доаѓаат во придружба на екипа од 50 луѓе.  Тие сакаат нивниот концерт да биде спектакуларен, па затоа ангажираа цел тим на експерти кои ќе се погрижат за тоа.

Освен тимот кој е одговорен за изгледот на Ана – шминкери, фризери, стилисти, со нив доаѓа екипа која е одговорна за осветлувањето, монтажа на бината, за специјалните ефекти и сите останати работи кои се неопходни за еден концерт од ваков размер.

Николиќ секојдневно вежба напорно за да се подготви за новите кореографии за настапот пред публиката во Скопје. Ана и Раста премиерно во Македонија ќе го изведат својот дует, нумерата „Случајност“, која периодов стана мегахит на Балканот.



Врати се горе ↑