Галерија 1

24 јануари, 2017

Ана Бунтеска го прослави својот роденден со читателите

Вчера, 23.01.2017, писателката Ана Бунтеска во клуб „Матица“ ги потпишуваше своите дела „Стави лајк на сопствениот живот“ и најновата „Колку е потребно за среќа“. Ана одлучи денот да го помине со читателите и заедно да го прослават нејзиниот роденден. Ана со години придонесува кон збогатувањето на културниот живот кај нас, со пренесување на емоциите што се дел од секојдневието и реалноста, емоции и чувства што допираат до се повеќе читатели. Таа со посетителите ги сподели следните зборови:

„колку треба за да ти игра срцето

и очите со смеа да ти се наполнат

 

колку е потребно да му се насмееш на денот

та да си читаш навечер кога тивко е

и со книжулето под перница да спиеш…“

Саемот „Книга во секој дом“ секоја година го посетуваат повеќе од 30.000 посетители, а покрај во Скопје, љубителите на книгите ќе уживаат и во книжарниците во Охрид, Струмица, Штип, Гевгелија, Прилеп, Кавадарци, Куманово, Струга, Гостивар, Неготино, Делчево, Кочани и други градови.

Читањето е феномен на масовната комуникација.

Книгата е пријател, инспирација и учител.

 

КНИГА ВО СЕКОЈ ДОМ

читај, патувај, откривај, истражувај…

 

Клуб Матица

Бул. Климент Охридски бр.23

Булевар на Книгите



Врати се горе ↑