Балкан ab

12 март, 2015

Ана Бекута конечно ќе биде наградена за хитот „Стариот џумбушлија“

Во 1991 година, на сцената на македонскиот реномиран фестивал „Фолк фест Валандово“, Ана Бекута испеа песна со наслов „Стариот џумбушлија“. Никој не претпоставуваше дека оваа песна, потпишана од битолчанецот Петар Георгиев Калица, кој е автор и на антологиската „Ако одам во Битола“, ќе влезе во македонската музичка историја. И цели две децении подоцна, ќе биде една од најслушаните, но и најизведуваните македонски песни. Ана Бекута од тој фестивал си замина без награда, но годината што следуваше, до следниот Валандовски фестивал, на Бекута и ја донесе можеби најпрестижната награда, најслушана песна помеѓу двата фестивала. И оваа награда не стигна до рацете на Ана Бекута. Војната на овие простори им ги помати сметките на организаторите.

Денес, 24 години подоцна, правдата ќе биде задоволена. Уметничкиот директор на „Фолк фест Валандово“, Орце Гелевски, на концертот кој што ќе се случи во сабота на 14 март, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе ѝ ја врачи на Ана одамна заслужената награда. Не е исклучена можноста, Ана со помош на публиката во „Борис Трајковски“, да нè потсети на изведбата од 1991 година.

 

Инаку на концертот, освен Ана Бекута ќе настапат и Шабан Шаулиќ и Саша Матиќ. Македонецот пак, кој со право го носи епитетот фаворит во „Ѕвездите на Гранд“, Ален Хасановиќ, ќе ја загрее публиката и ќе ја подготви сцената за ѕвездите од Србија. Сите нив, ќе ги придружува најпопуларниот оркестар во моментов во Србија, оркестарот на Аца Софронијевиќ.

Поради бројот на публиката која што се очекува да присуствува на концертот во Борис Трајковски, организаторот „Балкан медија“ најави дека вратите ќе бидат отворени од 19 часот, а првите 2.000 фанови кои што ќе влезат во сала, ќе добијат подарок дивиди. Уште мал број влезници по цена од 400 денари се останати во продажба. За да не ви ја раскажуваат 4 часовната журка која што се најавува за сабота, обезбедете влезница на време.



Врати се горе ↑