11 ноември, 2017

„Amor Amor Amor“ е новиот сингл на Џеј Ло и Висин

Како што ви пренесовме неодамна, Џенифер Лопез наскоро ќе го објави својот 9. по ред студиски албум насловен „Por Primera Vez“, кој воедно е и второ издание со сите песни отпеани на шпански јазик. После летниот хит Ni Tu Ni Yo, пејачката вчера го претстави и вториот сингл од претстојниот албум, а во темата насловена „Amor Amor Amor“ гостува нејзиниот порторикански колега Висин.

Песната стигна заедно со разиграно видео во метро, што потсетува на нејзините почетоци и првенчето „On The 6“, кое својот наслов го доби токму по 6. линија на метрото во Бронк, на која Лопез секојдневно се возела до работа и назад, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе.

Како и за претходните проекти на шпански јазик, така и на новиот албум извршен продуцент е нејзиниот поранешен сопруг Марк Ентони. Датумот на објавување сè уште не е прецизиран, но се знае само дека би требало да излезе до крајот на годинава.



Врати се горе ↑