Видео

14 април, 2018

Американски маринец и спрска мисица во најновото видео на Боби Павловски

„Рана“ е најновото музичко остварување на пејачот Боби Павловски, кој и овој пат ја продолжи соработката со еден од нашите најдобри хит-мејкери, Лазар Цветкоски. Станува збор за една прекрасна нумера, во која како што вели Павловски ќе уживаат и млади и стари.

„Нема да бидам скромен и ќе кажам дека ова е песната за која ние музичарите ќе кажеме – тоа е тоа. Уште кога го слушнав демото, му реков на Лазар дека песната е моја и без да размислувам многу влегов во студио и ја снимив“, накусо изјави Боби.

Оваа најнова песна на Павловски доби и соодветно видео во кое се појавува преубавата Србинка Бојана Бојаниќ, инаку „Мис на Србија“ и една од најубавите девојки во регионот, а како режисер на истиот се потишува Дејан Георгиев – „Арт студио“.

„Спотот е снимен на повеќе локации, а најмногу кадри беа снимени во еден познат скопски хотел. Интересно е тоа што покрај Бојана, во видеото се појавува и Американецот Девон Џонс од Америка, инаку маринец по професија“, објаснува Павловски.



Врати се горе ↑