Свет 929724_19231409 (Small)(1)

11 ноември, 2012

Американците си го присвоија „Радецки Марш“?

Американската агенција за заштита на авторски права Хари Фокс се обидела од еден диригент да наплати лиценца за изведување на познатиот „Радецки Марш“, што наиде на чудење во Австрија. Еден тајландски диригент во САД го изведе Маршот кој го компонираше австрискиот композитор Јохан Штраус постариот и затоа американската агенција му упатила писмо со уплатница. Агенцијата тврди дека диригентот ги прекршил авторските права, но не австриските туку американските.

Тајландскиот диригент го поставил прашањето каква врска има „Радецкиот Марш“ со САД и одлучил да го докаже неправедниот обид за наплаќање на авторските права, преставувајќи видео снимка од концертот на ЈуТјуб. Инаку, во публиката за време на концертот се наоѓале и претставници на амбасадите на Австрија и САД. Меѓутоа сервисот ЈуТјуб брзо реагирал и побарал од диригентот веднаш да ја отстрани снимката, бидејќи американската агенција за авторски права најавила тужба.

Австрискиот печат обелоденил зошто реагирала американската агенција. Имено, таа ги заменила музичките дела, односно го замениле оригиналниот „Радецки Марш“ кој го извел диригентот со преработената верзија за која тие ги поседуваат правата.

Откако е востановена оваа замена, агенцијата му се извинила на диригентот и ги повлекла барањата. „Радецки Марш“ се смета за втора австриска химна која се изведува на ското сите големи концерти за класична музика во Австрија, меѓу кои и традиционалниот Новогодишен концерт.

 

Извор: kurir-info.rs

 



Врати се горе ↑