11 ноември, 2016

Амел Ќуриќ и Емина Јаховиќ ги здружија силите за „Кост“

Победникот на втората сезона на регионалниот „Х фактор“ и една од членовите на жирито во овој натпревар снимија заедничка песна. Станува збор Амел Ќуриќ и Емина Јаховиќ, чиј дует го носи насловот „Кост“ и кој за само 2 дена собра над милион и половина прегледи на Јутјуб. Музиката на овој хит е дело на Марко Ѓурашевиќ – Махони, стиховите ги напиша Милош Рогановиќ, а екранизацијата се снимаше во Загреб под режисерската палка на Дарио Радусин.

Иако снимањето траеше цел ден и цела ноќ, одлично расположените Амел и Емина се мошне задоволни од резултатот.

58243a51-4474-4aae-9d86-4aae0a0a0a64-amel

„Завршивме одлична работа, песната е фантастична, спотот е набиен со емоции и страст. Сите сме презадоволни од сработеното, ајас сум особено среќен што сè испадна како што треба бидејќи ова ми е прв дует во кариерата. Емина и јас совршено се вклопивме и мислам дека публиката ќе го почувствува тоа“, изјави Ќуриќ за босански „Аваз“.

„Енегијата меѓу Амел и мене на снимањето беше фантастична и сето тоа го завршивме брзо и лесно. Сигурна сум дека на публиката ќе и се допадне песната ’Кост’, како што ми се допадна мене кога прв пат ја слушнав. Верувам дека долго ќе се слуша“, додаде Јаховиќ, а како звучи и изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

Извор и фотографија: avaz.ba



Врати се горе ↑