Галерија Durex Ambasadori (3)

16 февруари, 2015

Амбасадорите на „Дурекс“, Виктор и Рената ги промовираа своите музички дела

Светскиот бренд „Дурекс“ преку своите амбасадори повторно испрати порака за безбедна и одговорна љубов. На големата „Durex Love Party“, Рената Кралевска и Виктор Апостоловски се промовираа како носители на оваа значајна функција и воедно ги претставија своите нови музички достигања. Рената ја претстави новата песна „West Side Story“, а Виктор го промовираше својот прв албум „Во моите сни“.

Тие потенцираа дека остануваат посветени на пренесување на вредностите на брендот и едукција на младите преку песна, забава и образовни активности.

„Иако ова веќе ми е втора година од мандатот, возбудата е секогаш голема кога се работи за ’Дурекс’. Самото тоа што е светски бренд кој опфаќа една сè уште табу тема во нашата држава, предизвикот е голем, но и чувството прекрасно кога пренесуваш знаење на помладите, особено кога таа едукација има позитивен резултат. Сепак, изминатата година успеавме да ја подигнеме свеста преку низа активности, а оваа ќе биде уште поинтересна“, вели Виктор Апостоловски, амбасадор на „Дурекс“ за Македонија.

Влијанието на Виктор оваа година е засилено од неговата колешка, поп-пејачката Рената Кралевска.

„Мојата мисија е да ја подигнеме свеста кај младите за безбедна љубов, нешто што е најважно. Потребно е запознавање на младите свесно да знаат како да се заштитат од сите непријатности коишто можат да донесат сериозни последици кога се работи за интимниот однос. Љубовта е посебно чувство и токму поради тоа треба да се доживее на вистинскиот начин, помеѓу две личности кои знаат како да се грижат еден за друг“, додаде Рената Кралевска.

Во очи на празникот на љубовта, „Дурекс Македонија“ ги повика сите заљубени на безбедно и одговорно препуштање на љубовта.

„Мисијата на ’Дурекс’ е заштита, но и едукација за безбедно и одговорно однесување во сексуалниот чин. Нашиот бренд преку своите активности, но и преку амбасадорите, испраќа порака дека љубовта е забава, среќа, но и одговорност, емотивна и сексуална зрелост. Тоа се нашите вредности кои сакаме да им ги пренесеме на младата популација, а амбасадорите како Рената и Виктор, со нивниот имиџ, влијание и пред сè примерен однос, ни помагаат во нашата мисија, за што сме им благодарни за грижата и посветеноста. Ќе продолжиме и понатаму преку забава и едукација да влијаеме на свеста и навиките на младите“, изјави Елена Гагиќ од „Меркур Трејд“, генерален дистрибутер на брендот „Дурекс“ за Македонија.

Големата „Durex Love Party“ беше зачинета со задолжителниот декор на „Дурекс“ и редовните реквизити што беа посебно изненадување за присутните. Шоуто го водеше Огнен Јанески, додека атмосферата ја загреваше диџеј Иван Пси, потоа бендот „Вагаблонд“ настапи со вокалистката Јана Бурчевска. Журката одговорно траеше до раните утрински часови, а светскиот бренд „Дурекс“ за сите присутни на забавата имаше подготвено специјално изненадување.



Врати се горе ↑