7 јуни, 2013

Амадеус Бенд снимија спот со српската Жандармерија

Интересен и несекојдневен видео запис снимија членовите од популарниот српски состав Амадеус Бенд, кои за песната „Моја земља“ ја добија поддршката од Жандармеријата на Република Србија. Видео материјалот се снимал на полигоните за вежби, а само снимањето траело три месеци. Со оружје, експлозии и вооружени лица, овој видео запис сигурно ќе Ви остави впечаток.

„Оваа песна е подарок за нашата држава и Жандармеријата во знак на благодарност и сеќавање на сите херои кои го дале животот за неа.“ – изјавија членовите на бендот.



Врати се горе ↑