Настани ало2

26 јули, 2016

Алтернативен фестивал „АЛО 2“ во Охрид

По успешната организација и реализација на минатогодишниот настан „Алтернативно лето Охрид“ (АЛО 1), и оваа година Центарот за интегриран развој – Охрид (ЦИРО) со огромно задоволство ви го претставува и ве поканува на најурбаниот настан во Охрид кој успешно ги спојува екстремниот спорт (скејт и БМХ) и алтернативната музика.

„Алтернативно лето Охрид 2“ (АЛО 2) ќе се оддржи на 29 јули на скејт паркот во Охрид и ќе биде отворен во 17.30 часот со скејт и БМХ натпревар. По завршувањето на скејт и БМХ натпреварот ќе следува одлична забава за натпреварувачите и присутните на отворено каде ќе настапат познати имиња од алтернативната сцена од Македонија и регионот.

 

Оваа година на фестивалот „АЛО 2“ учество ќе земат: локален демо бенд, „Бед контракт“, „Би-си генерација“, „Комунална хигиена“ и „Хардфејсд“ од Охрид, „Ласт хоуп“ (Софија), „Ѕвезда грајма“ (Србија) и диџеј Гоце САФ. „Алтернативно лето Охрид 2“ е поддржано од програмата Цивика мобилитас, а влезот е бесплатен.

13521960_591003074405948_1055038813053033665_n



Врати се горе ↑