Видео All Right

4 декември, 2013

„Ол рајт“ со одлична преработка на „In The Air Tonight“

„Ол рајт“ (All Right) е машка пејачка група составена од Жарко Стојкоски, Бобан Трајковски, Раде Петрески и Игор Петковски. Овие четири талентирани и шармантни момчиња кои ги паметиме како дел од првиот „Македонски идол“, по завршувањето на овој музички натпревер во 2011 година ги здружија силите во оваа група која интензивно работи на преработки на веќе познати хитови и настапува ноќни клубови ширум Македонија. По кратката пауза во 2012 година, „Ол рајт“ повторно се враќаат на музичката сцена, а покрај настапите низ државата, момците го подготвуваат и својот прв сингл.

Како најава за нивното враќање на сцената, „Ол рајт“ неодамна ја претставија и својата нова преработка на добро познатиот хит „In The Air Tonight“ кој Фил Колинс го претстави во далечната 1980 година. Како звучи оваа одлична преработка можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑