Свет

18 декември, 2018

„All I Want For Christmas Is You“ се враќа на топ-листите

Како што се наближуваат новогодишните и божиќните празници, така и топ-листите се обојуваат со празнични ноти, најголемиот дел од нив веќе познати евергрини, кои секоја година повторно се враќаат меѓу најпродаваните музички изданија. Една од нив секако дека е „All I Want For Christmas Is You“, можеби најпознатата песна на Мараја Кери, која иако објавена во 1994 година, дури сега го има највисокиот пласман со 6. место на Билбордовата топ-листа (Hot 100), a на официјалната британска сингл-листа во моментов е на 5. место, дури две места погоре од „Last Christmas“ на „Уем!“.

Успехот на овој празничен хит не може да се потцени. Освен што стана неизоставен дел од празниците, заедно со теми како што се „White Christmas“ и „Jingle Bells“, од неа произлегоа и детска книга (2015) и анимиран филм (2017), а сметката на Мараја Кери ја дополни со 60 милиони долари од заработувачката за авторските права.

 



Врати се горе ↑